Судија со колено удри фудбалер и тоа на многу незгодно место (Видео)

Необичен инцидент се случи на дерби-мечот од мексиканското првенство помеѓу Клуб Америка и Леон.

Судијата Фернандо Ернандес не трпеше критики од играчите кои протестираа за еден жолт картон, па за да го оттргне од себе Аргентинецот Лукас Ромеро, се послужи со недозволено средство, го удри со колено во меѓуножјето.

По мечот, судијата се извини, но тоа нема да го спаси од парична казна и суспензија која може да биде и до 15 кола без судење.

- Оглас -

Најнови вести