Судија, свири крај – Малери во финишот, се повреди Хасани, примивме гол во 97-мата минута

Малерите дојдоа на крајот на мечот за Македонија против Словенија и покрај примениот гол во 97-мата минута на гостите за израмнување и реми 1:1 во Скопје, уште полошо е што се повреди Ферхан Хасани.

Во судиското продолжение од пет минути, што потоа стана и 7 минути, популарниот Буба го поврреди носот во еден дуел на средината на теренот.

„Хасани е на снимање за да се одреди тежината на повредата“, изјави слекторот на Македонија, Игор Ангеловски. Мечот беше од пријателски карактер, како подготовка за настапот на европското првенство што ќе почне на 13 јуни за Македонија со меч против Австрија.

Хасани по повредата успеа сам да го напушти теренот и се очекува да мине без сериозна повреда.

- Оглас -

Најнови вести