Судијата Дин направи скандал: Го исклучи Соучек, иако „фаулираниот“ Митровиќ го убедуваше дека фаулот не е за црвен картон (видео)

Англискиот судија Мајк Дин се најде на удар на критики поради неговото катастрофално делење на правдата во денешното реми без голови меѓу Фулам и Вест хем.

Главниот арбитар го исклучи Томас Соучек, фудбалерот на Чеканите длабоко во судиското надополнување, откако Чехот случајно го удри Александар Митровиќ со лакотот во лицето.

Иако српскиот напаѓач симулираше фаул и падна на тревата, набрзо потоа стана и потенцираше дека Соучек не заслужува црвен картон. Цели пет минути се проверуваше ситуацијата со помош на ВАР-технологијата, по што Дин одлучи да го прати Соучек во соблекувалната.

- Оглас -

Најнови вести