Судијата им ветил два пенали, им досуди еден, но и тоа било доволно

Турција загуби од Шведска со 0-1 на свој терен и на тој начин испадна од Сегментот Б во Лигата на нациите. Единствениот погодок беше постигнат од пенал во 71-вата минута. По завршувањето на дуелот, шведскиот репрезентативец Маркус Берг се пофалил дека судијата му најавил дека ќе има пенал за гостите, и тоа не еден туку два.

„На полувремето од мечот заминав кај судијата и му се пожалив дека во првиот дел не беше досуден пенал врз мене. Тогаш тој ми рече: Ќе ја погледнам ситуацијата во соблекувалната. Ако сум згрешил, во второто полувреме ќе ви досудам два пенали“, откри Берг по разговорот со судијата.

Романскиот судија делумно го исполни ветувањето, откако досуди пенал за Шведска во 71-вата минута. Андреас Гронквист погоди за победа на гостите. Од Турската федерација најавија дека ќе се жалат во УЕФА.

https://youtu.be/H6llbzOA9Tw

 

- Оглас -

Најнови вести