Антверпен минимално со 1:0 го победи Зулте Варегем во меч од 32. коло на белгиското првенство, а домаќините имаа неочекувана помош од судијата и тоа во финишот на средбата.
Гостите со сите сили се обидуваа да израмнат и во 93 минута добија слободен удар во вид на „скратен корнер“. Речиси сите играчи беа во шеснаесетникот на домаќините, па дури и голманот на Зулте Варегем.
Во момемтот кога гостите го изведоа слободниот удар, тактиката беше топката да се извади надвор од шеснаесетникот и од таму да се шутира. Сепак, неочекувано, топката удри во судијата кој беше поставен внимателно да ја проследи целата ситуација и шансата на гостите пропадна, а арбитарот отсвири крај на мечот.