5.8 C
Skopje
сабота, 27 декември 2025

Судијата кој го исклучи Роналдо во Реал, открива: Потоа, две години не бев делегиран да судам на Кралевите

Кога се работи за Реал Мадрид и Барселона, секогаш постојат многу диелми за тоа кој гигант добива судиска поддршка. Во серијата на различни искуства, последен во низата е некогашниот шпански судија Хавиер Естрада Фернандес, кој сведочи дека имало голем притисок од страна на Реал Мадрид.

Во 2009 година на еден меч на Реал Мадрид, токму судијата Хавиер Естрада Фернандес го исклучи Кристијано Роналдо. Арбитарот раскажува за тоа што се случило по тој меч.

„Кога го исклучив Кристијано Роналдо во 2009 година, дури две години потоа не бев делегиран да судам на Реал Мадрид. По тој меч, ми се јави шефот на Судиската комисија Санчес Арминио. Тоа се случи само 10 минути откако заврши натпреварот. Ми рече дека не му се допаднало тоа што се случи и дека тој инцидент ќе биде на насловните страни на сите медиуми во државата. Ми најави дека ќе има последици. Потоа, две години не судев на мечеви на Реал Мадрид“, открива судијата Хавиер Естрада Фернандес, кој судиската кариера ја заврши во 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести