Шпанскиот судија Хезус Хил Манзано, е една од најомразените личности кај навивачите на Црвена ѕвезда во последниот период, бидејќи на реванш дуелот од Лига Европа против Милан, на белграѓани не им дозволи да изведат корнер во финишот, туку свирна крај на мечот и Србите немаа последна прилика евентуално да дадат гол и да одат понатаму.
Но, истиот судија, синоќа на мечот помеѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао, им дозволи на баскијците да изведат слободен удар после истекот на четвртата минута од покажаното продолжение. Билбао не даде гол и не се спаси од пораз, но барем ја доби шансата која Ѕвезда не ја имаше.
Судијата правилно постапи што му дозволи на Атлетик да изведе слободен удар, но покажа двојни аршини и различни критериуми, бидејќи тоа требаше да го направи и неодамна на „Сан Сиро“. Којзнае, можеби вечерва на „Олд Трафорд“ ќе гостуваше Ѕвезда, а не Милан.