25.8 C
Skopje
понеделник, 22 септември 2025

Судијата кој свиреше викендов на Верона – Јуве, преселен во Серија Б!

Италијанската асоцијација на фудбалски судии по слабата изведба на Антонио Рапуано на натпреварот помеѓу Верона и Јувентус на стадионот „Маркантонио Бентегоди“, го казни судијата со префрлање од Серија А во Серија Б и сега ќе суди само второлигашки мечеви. 

Две контроверзни пресуди ја доведоа асоцијацијата на судии до оваа драстична одлука во врска со судијата од Римини. Првата беше за сомнително играње со рака на Жоао Марио во шеснаесетникот, што Рапуано го пресуди како пенал за Верона, а втората беше за удар со лакт од Гифт Орбан врз Гати, што резултираше само со жолт картон.

Ни ВАР не реагираше по овој жесток фаул за кој мораше да има исклучување, играчите на Јувентус беа во шок што не е покажан црвен картон.

Засега Рапуано е единствениот што доби казна, иако дел од вината има кај Џанлука Аурелијано, кој беше ВАР-судија. 

- Оглас -

Најнови вести