18.8 C
Skopje
сабота, 25 октомври 2025

Судијата користеше телефон за да се консултира со ВАР собата (Видео)

Натпреварот од третата шпанска лига помеѓу Мерида и Понферадина кој заврши 0-0, ќе се памети не по возбудливиот натпревар, туку по еден необичен момент.

Во второто полувреме домаќините постигнаа гол кој судијата мораше да го провери преку ВАР. Проверката траеше речиси 10 минути. Првично, системот за видео репродукција направи грешка.

Снаодливиот главен судија со мобилен телефон ги контактираше колегите во ВАР просторијата да искомуницираат и да ја разгледат спорната ситуација. Смешниот инцидент кој може да го погледнете ТУКА, предизвика теми за разни дискусии и зголемени критики кон технологијата.

Инаку, ВАР технологијата во третата лига во Шпанија почна да се применува од оваа сезона, но со помалку ресурси, и поефтина варијанта од таа во првата лига.

- Оглас -

Најнови вести