Полскиот судија Симон Марчињак се најде во фокусот на вниманието по анталогискиот реванш-меч меѓу Интер и Барселона кој се играше на „Џузепе Меаца“. Интер победи со 4:3 и се пласира во финалето на Лигата на шампионите, а од Барселона имаше големо незадоволство на судењето на главниот арбитер.
Марчињак важи за еден од најдобрите судии на УЕФА, а тој го судеше и финалето на последното Светско првенство во Катар, кога Аргентина на пенали ја победи Франција. Полскиот арбитер беше запрашан да даде одговор по коментарите што ги дадоа Ханси Флик и неколку играчи на Барселона по натпреварот во Милано.
„Нивните коментари се апсурдни. Што можам да кажам за овие глупави коментари? Не повредив никого“, вели Марчињак.
Во врска со можноста Барселона да поднесе жалба против него до УЕФА – идеја што ја изнесе Педри, кој ја повика организацијата да преземе мерки – Марчињак со насмевка на лицето само кратко прокоментира: „Подготвен сум на сè“.