Судијата на Фулам – Вулверхемптон се изнасуди пенали, три за едно полувреме

Фулам го победи Вулверхемптон со 3-2 во интересен премиерлигашки меч кој се одигра вечерва на „Крејвен котиџ“ во Лондон, па сега двата тима имаат по 15 бода и во моментов се во златната средина, без опасност од испаѓање, а и излезот во Европа им е далеку.

Фулам трипати поведуваше минимално, а Вулфс двапати изедначуваше, но немаше време и за третпат. Победничкиот гол за домашните падна во 94-тата минута од пенал, реализатор беше Бразилецот Вилијан.

Во второто полувреме паднаа три гола, сите три од пенал, два за Фулам, еден за Вулфс. При последниот пенал, судијата не го досуди, но имаше интервенција од ВАР, па по прегледувањето на снимката, судијата ја смени одлуката и покажа на белата точка.

Инаку од 1 септември наваму на сите мечеви на Вулверхемптон двата тима даваат гол.

- Оглас -

Најнови вести