2.8 C
Skopje
петок, 26 декември 2025

Судијата не сакаше да го види играњето со рака во 94-тата минута и да досуди пенал, па Милан испадна од Купот (Видео)

Фудбалерите на Милан испаднаа од Купот на Италија откако синоќа на свој терен загубија со 1:2 од Аталанта. Милан добро го започна мечот и поведе со голот на Рафаел Леао, но гостите од Бергамо израмнија во последните моменти од првото полувреме со голот на Теун Копмајнерс.

На почетокот на вториот дел, Копмајнерс погоди по вторпат и донесе предност за Аталанта, а потоа Милан со сите сили тргна да напаѓа. Во последните моменти од мечот, кога пред голот на гостите беше дури и голманот на Росонерите, Мајк Мињон, беше досуден корнер.

Со глава шутираше Симиќ, а топката удри во раката на Емил Холм. Раката очигледно беше одвоена од телото, домашните фудбалери бараа пенал, а главниот судија чекаше реакција од ВАР-собата, кога доби известување дека не треба да има пенал во спорната ситуација.

- Оглас -

Најнови вести