Судијата од Барса-ПСЖ 6-1, утре може пак да им помогне на Каталонците

Барселона и Бенфика утревечер ќе се борат за место во осминафиналната рунда, а интересно е што Барса ако не освои бод во Минхен против Баерн, ќе чека помош од Динамо Киев да остане непоразен кај Бенфика во Лисабон.

Динамо нема никакви мотиви, но Бенфика не може да биде сигурна дека ќе го совлада украинскиот првак. Судија на тој меч ќе биде контроверзниот Дениз Ајтекин, кој се прослави во 2017 година, кога со неколку спорни одлуки придонесе за Барса да извојува незаборавна победа од 6-1 против ПСЖ во осминафиналето и да оди понатаму после пораз од 0-4 на првата средба. После тој меч, УЕФА го „замрзна“ овој судија и не го делегираше 190 дена.

Во Бенфика се плашат дека Ајтекин кој е етикетиран како фан на Барса, можеби ќе суди во полза на Динамо, за Каталонците да одат понатаму во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести