Екипата на Егнатија ја одбрани титулата во првенството на Албанија откако синоќа во финалето со убедливи 4:0 го победи тимот на Влазнија. Во финалето, доминираше една екипа и на крајот Егнатија на убедлив начин стигна до трофејот.
Интересно е дека овој меч во финалето на албанското првенство го судеше Шимон Марчињак. Тоа е истиот судија кој пред десетина дена беше цел поради жестоките критики за неговото делење на правдата на дуелот Интер – Барселона (победи Интер со 4:3).
Марчињак прилично добро ја заврши работата во финалето на албанското првенство, а по мечот даде изјава за локална телевизиска станица во Тирана.
„Беше прекрасно финале, беше како фудбалот во Полска, многу физички, тензијата беше голема, сите сакаа да победат. Беше финале, како финале на Светско првенство, ги видов лицата на играчите, ги познавам некои од нив. Ги познавам дефанзивците од Полска, од Јагелонија. Кога ќе видите солзи во очите на играч како него, тоа значи дека сте доживеале многу, па затоа беше важно да не се прават грешки во овој натпревар за да победи најдобриот тим“, рече Марчињак, кој е богато платен за својата работа во финалето на албанскиот фудбал.
Откако заврши прилично добра работа, Марчињак даде изјава за локална телевизиска станица во Тирана.
Марчињак беше воодушевен од условите кои ги има во Тирана, а на шега рече дека тој е најзаслужен што Албанија има играно на Европско првенство.
„Го водев дуелот меѓу Албанија и Ерменија. Албанија победи со 3:0 и поради мене се пласиравте на ЕП“, низ шега вели Марчињак, кој потоа го коментираше фудбалскиот комплекс на националниот стадион.
„Бев импресиониран од комплексот на Фудбалската федерација на Албанија, терените, сè. Искрено, нашата Федерација планира да изгради еден ваков, дефинитивно ќе дадам комплименти бидејќи од она што го видов тука, има фини луѓе. Сакам да поканам многу млади луѓе да се обидат да станат судии, тоа е одлична професија, можете да патувате и да ги запознаете најдобрите играчи во светот. Бидете судија“, изјави тој за RTSH Sport.“