Поразот на Ливерпул изминатиот викенд од Тотенхем со 2:1 го одбележа кардиналната грешка на судиите во ВАР-собата и лошата комуникација со судијата на теренот, поради што му беше поништен чист гол на Луис Дијас при резултат 0:0.
Премиер лигата ја призна грешката и му се извини на Ливерпул за кардиналната грешка која ја направија судиите и одлучи судијата Дарен Ингланд да не им суди на Црвените до крајот на сезоната.
Токму Ингланд беше главен судија во ВАР-собата, кој има најголема вина при лошата комуникација со судијата на теренот при поништувањето на голот на Дијас.
Судијата Ингланд исто така нема да суди во наредните две кола во Премиер лигата, а откако ќе се врати, нема да биде делегиран на натпреварите на Ливерпул.