Судијата откри за кои зборови го исклучи Пике во последниот меч од кариерата

Барселона синоќа со пресврт во второто полувреме успеа да слави на гостувањето во Памплона кај Осасуна со 2:1 и сега има пет бода повеќе од вечниот ривал Реал Мадрид. Триумфот на каталонскиот гигант е историски затоа што за првпат во 120-годишната историја Барселона на еден меч во првенството на полувреме беше во негатива, имаше и играч помалку (исклучен беше Роберт Левандовски во 31-вата минута), но на крајот успеа да победи.

Освен Левандовски, црвен картон кај Барселона заработи и Жарарт Пике, кој беше на клупата за резервни играчи. Пике, кој минатата недела имаше емотивно простување од фудбалот на „Камп ноу“, сега за последен пат беше меѓу играчите на Барселона, но против Осасуна беше резерва.

Пике беше револтиран од судењето на главниот арбитер Хил Манзано и на полувремето цело време негодуваше и нешто дофрлаше, па на крајот доби црвен картон. Судијата Манзано во извештајот по мечот откри поради кои зборови му дал црвен картон на Пике.

„Дали виде како постигнаа гол од корнер? Ти си судијата кој не за*бал најмногу до сега! Ова е еб*на срамота. Да се посе*ам на твојата еба*а мајка!“, стои во извештајот на судијата Манџано околу тоа зошто му дал црвен картон на Пике.

https://twitter.com/i/status/1590132309012930560

- Оглас -

Најнови вести