21.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Судијата помагаше колку можеше, но Фенербахче не успеа да победи (Видео)

Фенербахче не успеа да победи на гостувањето кај Гозтепе, средбата заврши 0-0, а фановите кои не го сакаат Фенер, го слават Талиска кој утна пенал во судиското продолжение.

Судијата Јасин Кол имаше неколку одлуки во полза на Фенербахче, како кога не досуди пенал за домашните иако нивен играч беше згазен по ногата во 16-ник, и кога не го исклучи Дуран за удирање со лакт.

По прегледување на снимка, во 94-та минута беше досуден пенал за тимот на тренерот Жозе Мурињо, но Талиска не го претвори во гол за голема радост на трибините.

- Оглас -

Најнови вести