Судијата прекина напад на Гремио, и покажа на центар, досуди гол за Атлетико Минеиро (Видео)

Атлетико Минеиро го победи Гремио со 3-1 во дуел од бразилската Серија А, со три гола на Кено, кој го остави Атлетико на првото место на табелата, а првиот погодок предизвика многу чудење и контроверзи.

Кено упати шут кон голот на Гремио, а судиите на терен не видоа дека топката веќе ја имаше поминато гол-линијата и дека голманот немаше успешна одбрана како што помислија во прв момент. Ниту играчите на Атлетико не реагираа и не бараа да им се додели гол, па средбата продолжи со напад на Гремио.

Гостите тргнаа во напад, се преселија на противничката половина, и дури тогаш главниот судија доби „дојава“ дека шутот на Кено во претходната акција на Атлетико всушност е гол.

Погледнете ги најинтересните моменти од средбата, а шутот на Кено и задоцнетата одлука на судиите се после 40-тата секунда на видеото:

- Оглас -

Најнови вести