Судијата сакаше да види што имаат ѕвездените под гаќичките (Видео)

Црвена ѕвезда минатата сезона играше доста успешно во групната фаза од Лигата на шампионите, но сега неубедливо тргна во квалификациите за место во ЛШ. Српскиот првак одигра 0-0 на гостувањето кај Судува во Литванија. Двата тима имаа убави шанси на реваншот да одат со предност, но не падна гол, па возвратниот меч во Белград ќе одлучи која од овие две екипи во следната рунда ќе налета на финскиот ХЈК од Хелсинки.

Пред да излезат на теренот, играчите на Ѕвезда беа детално проверувани од помошниот судија. Тој ги тераше сите фудбалери да ги кренат гаќичките за да провери каква долна облека носа. Според правилата, и долната облека мора да биде во иста боја со шорцевите, во случајов со сина боја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести