1.8 C
Skopje
понеделник, 22 декември 2025

Судијата што го оштети Милан конечно прозборе

Италијанскиот судија Марко Сера за првпат реши јавно да зборува за неговата одлука поради која Милан го остави без повреда во дуелот против Специја на „Сан Сиро“. Беше 1:1 кога во судиското надополнување Милан даде гол, но судијата го поништи поради тоа што немаше добар преглед на играта.

Жуниор Месија даде гол кој требаше да му донесе водство на Милан од 2:1, но само една секунда порано, судијата Сера ја прекина играта за да досуди фаул за Росонерите. Играчите на Милан беа разочарани од оваа одлука која им ја одзеде победата. Анте Ребиќ го фати судијата за лицето, а и други играчи на Милан во немоќ го опколија судијата за да му посочат дека згреши.

Самиот Сера веднаш призна дека згрешил, но тоа било ненамерно. По 20-тина дена од тој меч, арбитерот реши јавно да прозбори.

„Не можев да спијам повеќе од еден час. Сепак, сега сум подготвен за повторно да се вратам на теренот. Се случи грешка затоа што јас во мојата глава бев фокусиран на дуелот Ребиќ и Бастони, кој му доаѓаше зад грб. Си велев дека ќе судам фаул ако го удри. Откако имаше фаул, веднаш свирнав без да ја испратам топката која дојде до Месија. Кога ја видов топката кај него, само си помислив да не постигне гол, а токму тоа се случи“, вели Сера.

Судијата вели дека не се налутил на реакциите од играчите на Милан затоа што тие биле фрустрирани што не е гол.

„Мислев дека Ребиќ ќе ме задави. Потоа мислам дека и тој самиот сфати дека е играч и дека и нему му се случувало да промаши празен гол. Ете, тоа сега и мене ми се случи. Можеби голем број од судиите во тој момент ќе направеа грешка и ќе досудеа фаул. Дел од играчите на Милан само поминаа покрај мене. Флоренци беше скршен исто како и јас. Ме прегрна. Дојдоа и Калабрија и Ернандес, а потоа се појави Ибрахимовиќ и ми рече „Покажи сега дека си силен и реагирај“. Бев многу задоволен од тоа како тој изреагира“, раскажува Сера.

Да биде трагедијата на Милан уште поголема на тој меч по поништениот гол на Росонерите, Специја успеа да направи контранапад и погоди во 95-тата минута за сензационален триумф на „Сан Сиро“.

- Оглас -

Најнови вести