Судијата што го „уништи“ Наполи си доби заслужена пауза

Пјеро Џакомели е судијата кој во минатото коло беше главен на дуелот Наполи – Аталанта. Тој меч во Неапол заврши 2:2, а домаќините имаа многу незадоволство од арбитарот Џакомели. Дека реакциите на домаќините не биле случајни, се потврди и со одлуката на судиската организација, Џакомели да не биде делегиран во новото коло.

Овој судија на мечот Наполи – Аталанта го исклучи тренерот на домаќините, Карло Анчелоти, кој вообичаено важи за смирен стратег. Арбитарот директно влијаеше при постигнувањето на вториот гол на гостите, кога израмнија на 2:2, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

Наполи беше во напад, имаше очигледен фаул за домаќините, но судијата не само што не досуди пенал за Наполи и не се консултираше со ВАР состемот, тој дозволи акцијата да продолжи, а Аталанта тогаш го постигна погодокот за 2:2.

Ова не е прв пат Џакомели да биде во центарот на вниманието поради своите одлуки. Пред две години судеше на штета на Лацио во дуелот против Торино, а веднаш потоа се појави фотографија на која арбитарот седи заедно со легендата на Рома, Франческо Тоти. Токму Рома е најголем ривал на Лацио.

Наполи утре го чека уште еден тежок дуел и тоа во Рим против Рома.

 

- Оглас -

Најнови вести