Судијата што ја оштети Борусија Дортмунд против Баерн нема да припари до Милионерите во иднина

Феликс Цвајер во догледно време нема да ѝ суди на Борусија Дортмунд по одлуката на Луц Михаел Фрохлих, кој е главен човек во судискиот одбор во Бундеслигата.

Фрохлих објасни дека би било нечесно по контроверзниот меч и неколку спорни одлуки на кои се жалеше Борусија Дортмунд да се дозволи Цвајер и понатаму да им суди на популарните Милионери.

„Не би било чесно кон Борусија да им го делегираме Цвајер во иднина. Оваа одлука ќе биде на неодредено време бидејќи не сакаме дополнителни проблеми“, изјави Фрохлих.

Од таборот на Борусија имаше жестоки рекации на судењето на Цвајер, кој според нив, не досуди најмалку еден пенал во поразот од Баерн во Дер Класикер со 2:3.

Сега Цвајер е во слична ситуација како Маркус Мерк, познат поранешен германски судија, кој точно пред 20 години со одлука во корист на Баерн на дуелот со Хамбургер му донесе клучна предност на баварскиот тим во трката за титулата со Шалке 04.

Во 2001 година Шалке 04 за влакно не го освои пехарот во Бундеслигата и потоа бараше изземање на Мерк. Одлуката беше тој да не му суди на тимот од Гелзенкирхен во иднина и тоа траеше до 2008 година, кога Мерк се пензионира.

 

 

- Оглас -

Најнови вести