Судијата сопре контранапад за да гледа ВАР што немаше никаква врска (Видео)

Со воведувањето на ВАР технологијата, судењето дефинитивно се подобри, а грешките на арбитрите се помали. Сепак, има и такви моменти кога токму ВАР системот е причина за некоја грешка. Така беше на дуелот меѓу Клуб Америка и Тигрес, во првиот меч од четвртфиналето на Купот во Мексико.

Во самиот финиш на дуелот, играчите на Тигрес имаа контранапад за да ја потврдат победата, но судијата наеднаш ја прекина играта, за да гледа повторена снимка од ситуација која се случи неколку секунди претходно во шеснанесетникот на гостите.

Судијата виде дека немало ништо спорно, па едноставно со тој потег го упропасти контра нападот на Тигрес.

Tigres counter attacks, Fernando Guerrero stops the play to review VAR, even though the play was still going on, Tigres players go mad, Yellow for Pizarro from LigaMX

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести