Судијата спаси чист гол и се правеше како ништо да не било (Видео)

Мексиканскиот судија Оскар Макијас стана светски хит откако се најде во главна улога на мечот од мексиканското првенство. На дуелот меѓу Круз Азул и Толука, домаќините водеа со 2:0, а во 36-тата минута имаа шанси и за трет погодок. Домаќините направија одлична акција, напаѓачот на Круз Азул се најде сам пред празниот гол на гостите и шутираше, но ја погоди стативата.

На одбиената топка натрча негов соиграч, шутираше, но кога сите очекуваа топката да заврши во гол, таа го погоди судијата, кој се најде во близина. Во таква ситуација, судијата изведе „потфрлање“ и топката им беше вратена на домаќините, но гол не беше постигнат.

Гостите ја искористија оваа ситуација и до крајот на полувремето постигнаа два гола и израмнија на 2:2. За среќа на Круз Азул, домаќините во 63-тата минута постигнаа трет гол и на крајот победија со 3:2.

 

- Оглас -

Најнови вести