Судијата за финалето од шпанскиот Куп разочаран од објавените видеа на клупската ТВ на Реал (Видео)

Голем скандал го тресе шпанскиот фудбал во пресрет на финалето на Купот помеѓу Барселона и Реал Мадрид откако клупската телевизија на Кралевите објави видеа со наводни грешки на Баскиецот, Бургос Бенгоечеа, кој ќе биде главен судија на саботното финале.

Бенгоечеа дури и раскажа пред медиумите дека неговиот син бил малтретиран на училиште поради објавените видеа.

„Кога вашето дете оди на училиште и ќе му кажат дека неговиот татко е ‘крадец’ и тоа се враќа дома плачејќи – е тоа е многу тешко. Се обидувам да го воспитам мојот син, да му објаснам дека неговиот татко е чесен човек, кој можеби прави грешки – како и секој спортист. Ова е вистинска болка и не му ја посакувам никому. Треба сите да размислиме во кој правец сакаме да оди спортот и какви пораки сакаме да пренесеме преку фудбалот“, вели Бенгоечеа за шпанската „Марка“.

Од Реал Мадрид го обвинија баскискиот судија дека секогаш судел во корист на Барселона, па така Каталонците имале 81% успешност кога им судел тој, додека Реал има успешност само од 64%.

- Оглас -

Најнови вести