18.8 C
Skopje
петок, 5 септември 2025

Судијката му даде црвен картон, а тој ја нападна (Видео)

Неочекуван инцидент се случи на мечот од колумбиското првенство кога еден фудбалер реши да ја нападне главната судијка. Екипата на Реал Алијанца Катагера беше домаќин на тимот на Депортиво Кике, а довербата да ја дели правдата ја доби судијката Ванеса Себалос.

Во 66-тата минута домашниот играч Хавиер Боливар имаше неспортски испад, а откако судијката Себалос му покажа црвен картон, се случи неочекуваното. Фудбалерот стана од клупата и дотрча до аут-линијата, каде што беше судијката, и ѝ удри шлаканица.

Судијката веднаш му врати удирајќи го со нога, а останатите фудбалери ја спречија налутената Себалос да се обиде да стигне до тепачот од домашниот тим.

По мечот, фудбалерот тврдеше дека не било намерно удирањето, туку само дека сакал да ѝ го одземе свирчето од устата на судијката. Сепак, ова извинување не наиде на разбирање кај челниците на неговиот клуб и Боливар е избркан од екипата. Сега му се заканува и долга суспензија од колумбиските фудбалски власти.

„Признавам дека моето однесување беше непримерно, недостојно за спортист, но и за обичен човек. Направив глупост обидувајќи се да го земам свирчето од устата на судијката. Сосема погрешив и сакам да испратам порака дека ова никогаш не смее да се повтори никаде. Сакам апсолутно да потенцирам дека во ниту еден момент немаше физичка агресија кон судијата“, рече Боливар.

 

- Оглас -

Најнови вести