Судиската комисија им најде две грешки на ВАР-арбитрите на дуелот Реал – Алмерија, и двете се во корист за Кралевите

Реал Мадрид со голем пресврт ја победи Алемрија во меч од последното коло во шпанското првенство, а овој дуел привлече големо внимание поради судиските одлуки. Кралскиот клуб губеше со 0:2, кога на сцена стапија ВАР-судиите со три одлуки во второто полувреме и сите беа во корист на фаворитот.

Поделени беа мислењата околу одлуките на судиите. Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, вели дека сите одлуки биле исправни, додека стратегот на Алмерија верува дека неговиот тим е драстично оштетен.

Според шпанското радио „Кадена сер“, судиската комисија при шпанското првенство, проценила дека ВАР-арбитерот Ернандес Ернандес направил две грешки. Првата е при досудување пенал за Реал, по кој Кралевите намалија на 1:2.

Грешката била во тоа што ВАР-судијата се фокусирал само на играњето со рака на гостинскиот играч, кое било неспорно, но не обрнал внимание на тоа да процени дали имало фаул во напад во ситуации во кои Рудигер и Хоселу ги користат рацете за да стигнат до предност во воздушните дуели со противничките играчи.

Втората ситуација е кога Винисиус јуниор постигна гол за 2:2. Првично погодокот беше поништен поради играње со рака, а потоа ВАР судиите побараа од главниот арбитер да ја погледне ситуацијата. Проблемот тука е воочен во тоа што Ернандес Ернандес не требало да го повика главниот судија Марес затоа што на повторените снимки во ниту еден момент немало јасен кадар кој ќе потврди дека Винисиус игра чисто со рамо, а не и со рака.

Во таква ситуација, кога се нема јасна снимка од целата ситуација, арбитрите од ВАР-собата воопшто не требало да се огласат, туку да се прифати првичната судиска одлука, а тоа е дека нема гол.

- Оглас -

Најнови вести