Поранешниот фудбалер и репрезентативец на Бразил, Дани Алвеш, останува на слобода, откако судот во Барселона ја одби жалбата на обвинителството и на граѓанската организација предводена од Естер Гарсија. Тоа значи дека бразилецот останува на слобода со платена кауција, но остануваат одземени и неговите два пасоши, бразилскиот и шпанскиот.
40-годишниот поранешен фудбалер е обвинет за сексуален напад кој наводно го извршил ноќта помеѓу 30-ти и 31-ви декември 2023-тата година во ноќен клуб во Барселона. Неколку месеци мина во притвор, пред да му биде дозволено да се брани од слобода, но со кауција од еден милион евра и платено обесштетување на жртвата од 150.000 евра.