УЕФА ја доби „војната“, но суперлигашките клубови, не се откажуваат и добија уште една правна битка. „Бунтовниците“ Реал Мадрид, Јувентус и Барселона, изразија задоволство што судот ја одби жалбата на Европската Куќа на фудбалот, и ѝ наложи на УЕФА да ги повлече сите казни кон клубовите основачи на Суперлигата.
Европскиот суд на правдата во Луксембург ќе ја разгледува монополската позиција на УЕФА во европскиот фудбал, а според суперлигашите, таа позиција му штети на фудбалот поради конфликт на интереси.
УЕФА успеа да наговори многу од 12-те клуба основачи да се повлечат од идејата, имаше и протести на навивачите кои беа против таква Суперлига на богаташи, а на клубовите УЕФА им се закануваше со разни казни и забрани за настап во европските натпреварувања.