25.8 C
Skopje
среда, 6 август 2025

Судот во Невада ја отфрли тужбата против Роналдо

Кристијано Роналдо е ослободен од обвиненијата за случајот силување на манекенката Кетрин Мајорга, кој датира од 2009 година и беше одново отворен во 2018 година.

Судот во Невада не ги прифати новите докази бидејќи истите биле добиени на незаконски начин, со сомнежи дека ова е обид да се изнудат повеќе пари од португалската мегаѕвезда.

При првата парница беше откриено дека на тужителката ѝ биле платени 300.000 долари за да го премолчи инцидентот, а овојпат нејзините адвокати барале отштета од дури 25 милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести