Судот во Шпанија го смени датумот на кој Трајковски треба да дебитира за Мајорка

Судот во Шпанија најде соломонско решение, за тоа дали треба да се играат мечеви од Примера во петоците и понеделниците. Клубовите се бунеа, дури најавија и штрајк, само за да не играат во овие два дена од неделата. Целата ситуација стигна до судот, и решението беше донесено да има мечеви во петок, а да се презакажат тие кои требало да се играат во понеделниците.

Новата сезона во Примера ќе започне следниот петок со дуел меѓу Атлетик Билбао и Барселона. Дуелот од првото коло меѓу Мајорка и Еибартребаше да го затвори првото коло и да играат во понеделник, но сега тоа нема да се случи. Најверојатно тој меч на Мајрока ќе се игра во неделниот термин, кога би требало да го видиме и дебито на македонсиот репрезентативец Александар Трајковски во шпанското првенство.

Трајковски кој во изминативе четири години го носеше дресот на Палермо, како слободен играч дојде во тимот на Мајорка.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести