33.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Судската разврска против Манчестер сити ќе започне еден месец порано

Сослушувањето на Манчестер сити за обвиненијата за наводни прекршоци на финансиските правила на Премиер лигата е поместено за повеќе од еден месец порано, информира британскиот „Тајмс“. Првично, сослушувањето беше планирано да започне во ноември и да трае околу десет недели, но сега постапката ќе започне меѓу средината и крајот на септември.


Очекувањата се дека пресудата ќе биде изречена на почетокот на 2025 година. Ниту Премиер лигата, ниту Манчестер сити не ја коментираат ситуацијата.

„Тајмс“ дополнува дека во рок од две недели се очекува да биде донесена и одлука за друго дело против Граѓаните од страна на Премиер лигата – за непазарни спонзорски договори со компании поврзани со сопствениците, кои му помагале на клубот во годините да го балансира својот буџет и да избегне проблеми со финансиските правила.

Од „Етихад“ досега ги отфрлаат сите обвиненија. Сè уште не е јасно какви казни можат да бидат изречени на Манчестер сити ако клубот биде прогласен за виновен. Според различни информации, казната би се движела од одземање бодови, па сѐ до испраќање на клубот во пониска дивизија.

- Оглас -

Најнови вести