Најдобриот фудбалер на светот за 2019 година, Лионел Меси, можеби верува дека брадата не му носи многу среќа, па на подготовките на Барселона е избричен, верувајќи дека со избричена брада има поголеми шанси да ја освои Лигата на шампионите.
Меси имаше голема брада во изминатиот период, но од суеверие реши да се избричи и пак да биде оној Лео кој кога немаше брада, освои четири трофеи во Лигата на шампионите. Меси многу го посакува вредниот „ушлест“ трофеј кој го доделува УЕФА.
Меси од 2014 година е заштитно лице на компанијата „Жилет“, па некои сметаат дека всушност спонзорот го натерал Меси да се избричи бидејќи тоа би било добро за бизнисот.