Арно Суке ретко дава голови, но кога ќе погоди како по правило тоа се евроголови. Играчот за врска на Монпелје блесна вечерва со страшно ефектен гол против Лион, по кој неговиот тим води со 1:0.
Суке испрати вистински проектил од 30-на метри, веднаш откако топката падна на земја, а бомбата ја скина мрежата на голот што го брани Лопес за Лион.
Пред овој погодок Суке беше стрелец за последен пат како играч на Ница во 2016 година, а по пауза од три години и денеска беше стрелец на гол вреден да конкурира за наградата „Пушкаш“.
https://www.youtube.com/watch?v=fmgDMek8_5E