Сопственикот на Интер Мајами Хорхе Мас откри колкава плата добива Лионел Меси на годишно ниво. Меси дојде во Интер Мајами во летото 2023 година и успеа со Интер Мајами да освои вкупно четири трофеи, од кои последниот беше шампионски во првенството на МЛС.
Пред да дојде Меси во тимот, Интер Мајами беше најслаба екипа во лигата, а сега со аргентинскиот виртуоз во составот е актуелен шампион. Сопственикот на Интер мајами вели дека мора да се бараат силни спонзори за да се задржи оваа екипа.
„Причина поради која бараме нови силни спонзори е тоа што фудбалерите се скапи. За Меси на годишно ниво се издвојуваат меѓу 70 и 80 милиони долари, но тој вреди за секоја дадена пара“, вели газдата Мас, кој одби да даде детали за договорот на Меси или за структурата на неговите годишни плаќања.
Меси кој има 38 години, во кариерата играше за Барселона и Пари Сен Жермен, има освоено осум Златни топки што е светски рекорд, а со Аргентина е актуелен планетарен владетел.
Интер Мајами вечерва од 22:30 часот ќе гостува кај ДЦ Јунајтед.

