Сума сумарум Партизан беше подобар од Црвена ѕвезда (Видео)

Партизан со 2:0 ја победи Црвена ѕвезда во 161-вото првенствено вечно белградско дерби. Црно-белите ја искористија предноста на домашен терен, повеќе напаѓаа, а дури во последните 10 минути ги израдуваа своите навивачи. За Ѕвезда ова е прв пораз сезонава, а Партизан стигна до петиот триумф и уште е без пораз.

Двајцата играчи кои влегоа како резерви, беа творци на триумфот за Партизан. Интернационалецот од Гвинеја, Сејдуба Сума во игра влезе во 64-тата минута, а донесе голема радост за домашните со прекрасен погодок во 83-тата минута. Точка на мечот стави Зоран Тошиќ. Тој влезе во игра во 77-мата минута, а со погодок во 90+3 минута стави крај на сите дилеми околу тоа кој ќе се радува на крајот. Една минута претходно, Ѕвезда остана со играч помалку по вториот жолт картон на Милош Вулиќ.

Дербито го имаше целиот стандарден декор. Динамична игра на теренот, тензии и нереди на трибините, потоа прекин на средбата, а на крајот и погодоци.

„Беше многу тешко. Психолошки напнато во првите 25 минути. Потоа се играше малку подобро. Мислам дека заслужено победивме со оглед на бројот на шансите коишто ги имавме. Ѕвезда освен шутот на Марин, речиси и да немаше шанса“, рече по мечот тренерот на Партизан, Саво Милошевиќ.

https://youtu.be/Y1yd7h-xbg8

https://youtu.be/e2EKhUGnVcw

- Оглас -

Најнови вести