Сундсвал ќе има необична предност, Малме сепак е многу посилен и ќе победи

3563 Лиепаја – ФЦ Рига (Летонија, Прва лига, 17 часот)

Двете екипи се со скромно фудбалско педигре и постојат само 8 години, откако и ФК Лиепаја и ФЦ Рига се формирани во 2014 година.

Клубот од Рига има повпечатливи резултати и трипати беше првак, што е одличен биланс во осумгодишното постоење на клубот.

Екипата на Лиепаја никогаш не била шампион на Летонија, а и сезонава речиси и да нема шанси за пехарот.

Валмеира и РФС се главни кандидати за титулата, а токму ФЦ Рига и Лиепаја ќе бијат битка најмногу за второто место што заедно со позицијата број три водат во еврокуповите.

Интересен е и меѓусебниуот биланс на двете екипи и последните четири натпревари ги одиграа со резултат 1:0, или 0:1, а трипати победи Лиепаја и еднаш клубот од Рига, па очекуваме нов тврд меч со малчку голови.

Предлог тип: 0-2 гола (1.74)

 

3551 Жалгирис – Хегелман (Литванија Прва лига, 18 часот)

Хегелман е клуб во подем, формиран во 2009 година и има моќен германски спонзор, па лани во првата сезона во литванската Прва лига го освои петтото место.

Германците дополнителмно го засилија ростерот и сакаат европски настап и тоа е остварливо, а ако денеска направат подвиг и го победат лидерот Жалгирис ќе имаат негатива од само два бода и шанса дури и за титулата.

Жалгирис е литванскиот фудбалски гигант со најмногу титули, точно 9, а актуелниот шампион и рекордер има интересна историја.

Формиран е во 1947 година со поинакво име, Динамо, но потоа е преименуван со сегашното име.

Жалгирис може да го сопре амбициозниот гостин и типуваме дека со победа во дербито ќе биде чекор поблиску до јубилејната десета шампионска круна.

Предлог тип: 1 (1.75)

 

2601 Сундсвал – Малме (Шведска Прва лига, 19 часот)

Сундсвал ќе има необична предност во дуелот со шведскиот гигант и рекордер со 22 титули, Малме.

Сундсвал има терен со вештачка трева што им задава проблеми на гостинските екипи, но сезонава слабо ја користи предноста и има биланс од две победи и четири порази.

Малме е најуспешниот тим во историјата на шведскиот фудбал со 22 титули, доминира во последните десетина години со 7 шампионски круни, а има впечатливи резултати и во Европа и едно финале во Купот на европските шампиони во сезоната 1978/79 кога загуби од Нотингем форест со 0:1.

Што е најважно и сега имаат одличен тим и се многу посилни од Сундсвал и типуваме дека ќе ги освојат бодовите и ќе дадат најмалку два гола.

Предлог тип: 2&T2 2+ (1.56)

 

1275 Бохемијанс – Дери сити (Република Ирска Прва лига, 20.45 часот)

Дери сити е клуб со интересна приказна и единствената екипа од Северна Ирска што игра во првенството на Република Ирска.

Порано играа во шампионатот на Северна Ирска, но поради политички проблеми им беше забрането да играат на својот стадион „Брендивел“.

Во 1985 година одлучија да се преселат во другиот дел на Ирска и да играат во шампионатот на Република Ирска.

Дери е и единствениот клуб  со титули во двете држави, една во Северна Ирска и две во шампионатот на Република Ирска.

Сега се на третото место и имата добра позиција во битката за настап во еврокуповите, а Бохемијанс брка последна шанса за приклучок и мора да победи.

Двете екипи немаат простор за калкулации, мора да напаѓаат за значајни бодови, а по правило си даваат барем по еден гол во меѓусебните натпревари и така беше на последните 7, каде имаше ГГ.

Предлог тип: ГГ (1.78)

 

1276 Дандалк – УЦ Даблин (Република Ирска Прва лига, 20.45 часот)

Дандалк може да направи крупен чекор во битката за второто место што води во еврокуповите, па дури и да му се закани на лидерот Шамрок роверс, ако го победи скромниот тим на УЦ Даблин.

Гостите се единствените во лигата што уште немаат двоцифрен број на бодови и се последни.

УЦ Даблин не би требало да претставува посериозна закана за второпласираниот тим во шампионатот на Република Ирска против екипа што се уште има шанси за титулата

Предлог тип: 1 сигурна победа (1.97) 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести