Фудбалерите на Сараево беа мотивирани да се докажат пред новиот тренер Александар Васоски, па уште во прва минута дадоа гол и најавија дека ќе го победат Леотар во Требиње, во дуел од Премиерлигата на БиХ.
Сараево победи со 2-0 во дебито на Васоски како кормилар на еден од најголемите босански клубови. Головите паднаа во 1. и 13. минута.
Крсте Велкоски играше 80 минути, а Даниел Аврамовски кој неодамна потпиша за Сараево, не беше ни на клупата, па дебито ќе го почека во друга прилика.
Сараево е четврти и бара излез во Европа, а Леотар е претпоследен и се бори за опстанок.