Супер ден на Европско: Данска со три бода може да биде втора, а Русија со 6 да биде трета

Денеска на ЕП се играат мечевите од третото коло во групите Б и Ц. Во групата Б има огромна неизвесност околу тоа кој тим, освен Белгија, ќе оди во осминафиналето. Сите селекции имаат шанси за пласман понатаму, а ваквата состојба ја предизвика шокантната победа на Финска над Данска.

Во таа група фаворит е Белгија, која е прва со 6 бода. На Белгијците и нерешен резултат им гарантира прво место. Русија вечер игра со Данска, а другиот меч е помеѓу Белгија и Финска. Математиките кажуваат дека Русија со победа ќе има 6 бода, но ако победи минимално, а Финска ја шокира и Белгија, тогаш Русите иако би имале 6 бода, ќе мора да се задоволат со трето место.

Данска засега е без бодови, губеше минимално во првите две кола, но ако вечерва на свој терен ги победи Русите, тогаш Данска може само со 3 бода да биде втора во групата и да оди во осминафинале. За да бидат втори, на Данците им треба победа и победа на Белгија против Финска. Финците ако не загубат од Белгија, одат понатаму, без разлика дали како втори или трети.

Во групата Ц, јасно е дека Холандија е прва, а Австрија и Украина во директен дуел ќе решаваат за второто место. Нерешено им одговара на Украинците, но и Австрија со четирите бода како трета би можела да оди понатаму. За жал, Македонија и да победи против Холандија, останува последна.

- Оглас -

Најнови вести