Башакшехир – Копенхаген, Олимпијакос – Вулверхемптон, Ренџерс – Баер Леверкузен, Волфсбург – Шахтар, Интер – Хетафе, Севилја – Рома, Ајнтрахт – Базел и ЛАСК – Манчестер јунајтед, се двојките за осминафиналето од Лига Европа.
Олимпијакос, кој приреди сензација против Арсенал, повторно за ривал доби англиски ривал, овојпат Волците. Се истакнуваат и двете италијанско-шпански пресметки во кои Интер и Севилја ќе бидат мали фаворити на хартија.