Супер-Џани со велемајсторија ја отвори сметката во Фенербахче (видео)

Езѓан Алисоки го постигна својот прв гол во дресот на Фенербахче и го стори тоа на најдобар можен начин. Во негов стил, Џани на подалечната страна од шеснаесетникот дочека нафрлување, ја смири топката со гради и потегна велемајсторски волеј забивајќи ја силно топката во горниот агол од противничкиот гол.

Алиоски се покажа како џокер од клупата за тренерот Жорж Жесус. Влезе во 80-тата минута, а само четири минути подоцна блесна со деби-голот и ја осигури победата на Фенер од 4-2 против Адана Демиспор.

Fenerbahce [4] – 2 Adana Demirspor – Ezgjan Alioski 83′ from soccer

- Оглас -

Најнови вести