Супер дуели во НБА-лигата создадени за обложување

Се ближи крајот на регуларниот дел на НБА-лигата, а тој нуди неколку интересни дуели во кои ќе уживаме пред стартот на разигрувањата. За ноќта меѓу понеделник и вторник на програмата се три средби, сите со епитет на дерби.

Половина час по полноќ почнува дербито меѓу Милвоки бакс, лидерот на Истокот, против актуелниот шампион Торонто репторс. Битката меѓу првиот и вториот најдобар тим од Истокот, односно минатосезонските конференциски финалисти ќе се игра за престиж, а исто така ќе биде најава за ново вкрстување на патиштата подоцна во плејофот.

Милвоки предводен од незадржливиотЈанис Адетокумбо ќе ја има улогата на фаворит, а ќе се атакува на трет триумф против Рептилите во исто толку средби за оваа сезона. Во Sport Life „кецот“ на Бакс изнесува 1.47 квота, додека 3.05 е коефициентот за победа на Торонто. Ако се знае дека во последните четири меѓусебни средби Милвоки и Торонто не реализираа повеќе од 220 поени вкупно, можете да типуват дека на мечот ќе се постигнат помалку од 220,5 поени, тип кој носи квота од 1.95.

Второ од трите дербија е мечот Мајами – Индијана, со почеток во 2 часот по полноќ. Речиси е сигурно дека овие две екипи ќе се сретнат во првата рунда од плејофот, а победникот ноќеска ќе може да ја добие предноста на домашен терен. Индијана на погон на расположениот Ворен нареди четири победи во пет меча по рестартот на сезоната, додека Жешките во доста тежок распоред издвоија само две победи.

Според претходните две меѓусебни пресметки од оваа сезона, може да се предвиди дека Мајами и Индијана ноќеска ќе бидат офанзивни и примарна цел ќе биде полнење на кошевите. Повеќе од 219,5 поени типот нуди 1.85 коефициент, а доколку имате замисла за конечен тип, „кец“ на Мајами е 1.67, односно 2.45 е „двојката“ на Индијана.

Sport Life од овој меч понуди и обложување на индивидуален учинок, како на пример: Бем Адебајо и квотата од 1.87 за вкупен учинок од 29,5 вкупен во поени, асистенции и скокови заедно. Мајлс Тарнер, центарот на Индијана, има граница од 13,5 поени, а квотата за надминување односно да остане под просекот е идентична 1.87.

За комлетирање на кошаркарскиот маратон ќе се погрижат ЛА лејкерс и Денвер нагетс. Дуелот кој е закажан за 3 часот по полноќ треба да биде полн со атракции на двете страни. Никола Јокиќ против Леброн Џејмс е главниот дуел, а секако ќе блеснат и останатите ѕвезди.

На Езерџиите им е потребен триумф за да излезат од малата криза по трите нанижани порази, додека пак Денвер се надева дека ќе го дофати второто место на Западот, на кое засега седи Клиперс со една победа повеќе.

Лејкерси се фаворити, „кецот“ за нив носи 1.50 коефициент, а 2.70 е „двојката“ на Денвер. Доколку сте во дилема чија страна да одберете, подобро да типувате индивидуален учинок како +23,5 поени на Ентони Дејвис со квота 1.87 или пак дека Кралот ќе ја надмине границата во вкупен учинок на поени, асистенции и скокови, која изнесува 39,5 со 1.95 коефициент. Многу е извесно дека Јокиќ ќе има повеќе од 9 скока, тој тип носи 1.85 квота.

Инаку, има и две средби пред полноќ, во понудата за обложување ги има Феникс – Оклахома и Јута – Денвер.

- Оглас -

Најнови вести