Супер е на „Енфилд“, пиеш најефтино пиво во Англија и го гледаш Ливерпул

Без сомнение, „Енфилд” е еден од најпознатите фудбалски стадиони на светот, атмосферата која се создава на легендарната трибина „Коп” ги трогнува и гостинските фудбалери, а освен со незаборавно искуство од самото присуство, во Ливерпул може да се пофалите и дека не сте платиле многу скапо пиво.

Верувале или не, „Енфилд” ја држи најниската цена од сите клубови во Премиер лигата. Одличната игра на Црвените сезонава е повод за многу наздравувања и нема сомнеж дека продажбата оди супер.

На стадионот на Ливерпул пивото е 3,9 фунти (околу 270 денари). По 4 фунти пивото се наплатува на стадионите на Барнли, Манчестер сити, Норвич, Шефилд јунајтед, Тотенхем и Вулверхемптон. Најскапа чаша пиво се наплатува на лондонските „Емирати“ на Арсенал, „Стемфорд бриџ“ на Челзи и „Лондон стејдиум” на Вест хем и цената е 5,30 фунти.

- Оглас -

Најнови вести