Супер гест: Верниот навивач на Њукасл доби скапоцен подарок за првата победа на неговиот омилен тим (ФОТО)

Екипата на Њукасл изминатиот викенд дојде до првата победа во оваа премиерлигашка сезона.

Чавките минимално со 1:0 го победија Барнли на домашен терен со голот на  Калум Вилсон во 40-тата минута.

Еден од нивните навивачи, извесен Мајкл Урвин чекал пред стадионот по натпреварот за некој автограм, но наместо тоа, напаѓачот на овој тим, Алан Сен Максим, му подарил часовник вреден околу 2.500 евра.

Сето ова Урвин го овековечил со објава на социјалната мрежа „Твитер“, додека во еден од коментарите токму фудбалерот го прашал дали му се допаѓа.

Навистина супер гест.

- Оглас -

Најнови вести