Пет меча, меѓу кои освен европски пресметки, има и еден јужноамерикански дуел, ако ги одиграте според понудените комбинации, ќе ви донесат вкупен коефициент од 58,74 во денешните Квоти на денот.
Аугсбург е домаќин на Шалке и тука треба домаќините да бидат тие кои ќе напаѓаат и ќе постигнуваат погодоци. Аугсбург да дава од 1-3 погодоци во двете полувремиња е со квота од 2.20.
Болоња гостува на Калјари и да не загуби во пресметка на која ќе има од два до четири гола, се вреднува со коефициент од 2.30.
Во Австрија играат Лустенау и Хартберг и тука опцијата е да се игра на голови. Да има барем еден погодок во првиот дел и да биде 2+ во второто полувреме е со коефицинет од 2.40.
Дербито на денот е во Италија, каде што играат Милан и Наполи, а понудата е да има голови на двете страни и во двете полувремиња, што носи квота од 2.25.
Во Јужна Америка има дерби меѓу Ривер плата и Атлетико МГ, а аргентинскиот гигант е фаворит и треба да победи, а потребно е да има и еден гол во првото полувреме. Квотата за таа игра е 2.15