Пет меча од најсилните лиги се дел од денешните Квоти на ден, кои ако ги одиграте заедно на еден тикет, ќе добиете вкупен коефициент од 55.48. Лајпциг е домаќин на Кил и се очекува домаќинот на полувреме да води и на крајот да победи во меч на кој ќе бидат постигнати барем два погодоци. Квотата за оваа комбинација е 2.20.
Евертон го пречекува Манчестер сити, а тука опцијата е да има погодоци и тоа од еден до три гола во првото полувреме и 3+ голови до крајот на мечот, комбинација која вреди 2.30 квота.
Барселона на свој терен е фаворит против Селта Виго и тука играта е каталонскиот гигант да постигне барем еден погодок во првото полувреме, а до крајот на средбата да има 3+ голови во мрежата на гостите. Оваа комбинација е со квота од 2.15.
Наполи треба да победи на гости кај Монца во меч на кој ќе има од два до четири гола, за да биде добитен коефициентот од точно два.
Рома на својот „Олимпико“ не треба да загуби од Верона во дуел на кој двата тима треба да постигнат барем по еден гол. Оваа комбинација е со квота од 2.55.