12.8 C
Skopje
понеделник, 22 септември 2025

Спортинг може да се одигра на точен резултат, Марсеј и Атлетико се главни сигурици

1709 Олимпик Марсеј – Тулуз (21 ч.)

Олимпик Марсеј доминира во дуелите со Тулуз, па во последните 19 меѓусебни средби некогашниот европски првак има 11 победи и осум нерешени. Тулуз речиси 11 години нема победа над овој ривал, а на последните шест меѓусебни дуели Олимпик се радувал.

Тулуз сезонава на гости во седум меча има дури пет порази и прима речиси по два гола на меч.

Предлог тип: 1&2-4 (2.40)

 

1303 Атлетико Мадрид – Елче (21:15 ч.)

Нема полесен ривал за Атлетико Мадрид од Елче, тимот кој е последен на табелата и единствен без ниту една победа во досегашните 14 кола во Примера. Јорганџиите сезонава на свој терен играат многу слабо и имаат само две победи во шест средби, па сигурно сега ќе сакаат да започнат една добра низа и да се вратат на препознатливата игра на „Ванда Метрополитано“.

Елче ја има убедливо најслабата одбрана во лигата и тешко дека гостите ќе може да се надеваат на бодови вечерва.

Предлог тип: 1-1&2+ (2.10)

 

1141 Виган – Сандерленд (20:45 ч.)

Дуел на две екипи на чии мечеви головите се загарантирани. Сандерленд има дадено и примено дури 60 гола во досегашните 24 кола, а Виган е со гол-разлика 24:38, што го прави тим со најслаба одбрана во Чемпионшип.

Ако се погледнат петте меѓусебни дуели, на сите пет имало меѓу 2-3 гола. Гостите се поблиску до победата, но сепак тука е најдобро да се одигра на погодоци, и тоа да се следи традицијата.

Предлог тип: 2-3 гола (1.97)

 

1541 Спортинг Лисабон – Пасош де Фереира (22:15 ч.)

Спортинг веќе има двоцифрено заостанување зад лидерот Бенфика, што е знак дека веќе не смее да се дозволуваат киксови на дуели како овој. Пасош де Фереира е убедливо последен само со два бода дури од 13 средби.

Спортинг има дури 13 победи по ред против Пасош де Фереира, а дури на осум дуели фаворитот нема примено ниту еден гол. На четири од последните пет меча, Спортинг победувал со по 2:0, па за оние кои сакаат да ризикуваат може да одиграат и на точен резултат.

Предлог тип: 2:0 точен резултат (6.50)

 

2837 Сиваспор – Галатасарај (15 ч.)

Галатасарај со победа ќе се врати на првото место во турското првенсто. Тоа е тимот со најдобар биланс на гостински терен сезонава и во осум меча освои 17 бодови, а прими само четири погодоци. Сиваспор сезонава дома има пет нерешени во осум дуели.

Традицијата на овие две екипи вели дека на осум од последните девет средби било ГГ3+, а дури шестпати било и 4+, што е најава за средба со многу погодоци.

Предлог тип: 1-3 I &1 -3 II (1.88)

- Оглас -

Најнови вести