9.8 C
Skopje
недела, 9 ноември 2025

Суперкомпјутер го предвиде новиот шампион на Англија

Неколку дена по објавувањето на распоредот во Премиер лигата за сезоната 2019/20, суперкомпјутер направи пресметки според натпреварите кој ќе биде новиот шампион на Англија. Најголеми шанси има Манчестер сити, па Ливерпул и Тотенхем, додека Челзи, Манчестер јунајтед и Арсенал се во втор план.

Избраниците на Пеп Гвардиола се фаворити да ја одбранат титулата, а доколку се случи тоа, Сити ќе биде првиот тим кој освоил три тиули во низа по повеќе од една деценија. Последен пат тоа му успеа на Манчестер јунајтед, кога од сезоната 2006/07  до 2008/09 трипати во низа беше првак на Англија.

Суперкомпјутерот пресмета дека Ливерпул повторно ќе биде втор, додека Тотенхем и Челзи ќе ги заменат местата во однос на табелата од минатата сезона. Јунајтед и Арсенал би се бореле за петтата позиција.

Што се однесува за опстанок, од промовираните тимови најголеми шанси да го задржи премиерлигашкиот статус има Астон vила. Шефилд јунајтед и Норвич нема да обезбедат опстанок, исто како и Барнли.

- Оглас -

Најнови вести