Супер купот на Германија ќе го носи името на легендарниот Франц Бекенбауер, односно ќе се вика „Трофеј Франц Бекенбауер“, пренесува „Билд“. Според германскиот весник, Фудбалскиот сојуз на Германија и фудбалската лига на Германија веќе се имаат договорено, но и од двете организации сè уште нема официјална потврда, но се очекува тоа да го сторат наскоро.
Во Супер купот играат победниците на Бундеслигата и на Купот на Германија, а следното издание треба да се одржи на 16 август следната година. Франц Бекенбауер почина на седми јануари на 78-годишна возраст. Во чест на легендарниот Кајзер ќе биде повлечен и дресот со број пет на Баерн Минхен.