Во денешната понуда на Супер типот во Sport Life, како ретко кога, фудбалот не е доминантен спорт. Кошарката е во фокусот ако се знае дека дури девет од 16-те понудени пара со зголемени квоти се од спортот каде што се игра со портокалова топка.
Од понудените девет кошаркарски средби, дури на осум има зголемени квоти за победа на домаќините. Црвена ѕвезда во Белград да слави над Жалгирис е 1.42, додека Олимпијакос да го победи Фенербахче во Атина е со квота од 1.55. Асвел е фаворит против Партизан, а по 1.85 се „кецовите“ за триумфи на Милано и Валенсија во дуелите со Макаби Тел Авив и Панатинаикос. Само Реал Мадрид како гостин има зголемен коефициент, и тоа за победа на теренот кај Баерн во Минхен.
Од фудбалската понуда, секако, има зголемени коефициенти за полуфиналето на СП меѓу Аргентина и Хрватска, а примамливи се игрите кои се понудени за погодоци.
Додека трае Светското првенство, голем број клубови играат контролни средби, па од 15 часот ќе играат Арсенал и Милан. За победа на Топчиите, квотата е 2.15, а интересни се и коефициентите за 3+ и ГГ3+.
Еден час подоцна ќе започнат Галатасарај и Лацио, а за триумф на италијанскиот калчолигаш квотата е 2.13.